• петок, 27 февруари 2026

Подобрено осветлувањето во подземната сообраќајница во Струмица

Подобрено осветлувањето во подземната сообраќајница во Струмица

Струмица, 17 август 2023 (МИА) - Заврши реконструкцијата и заменувањето на тунелското осветлување во подземната сообраќајница под плоштадот „Гоце Делчев“.

Според директорот на Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“, Иван Стаменовски, со реконструкцијата е подобрена функционалноста и фотометриската распределба на осветлувањето.

Инаку, извршена е замена на сите дотраени тела кои досега користеа натриумови светилки со моќност од 250 W. Поставени се нови 93 светилки за тунелско осветлување изработени во ЛЕД технологија со моќност од 100 W, 131 странични катадиоптри за означување на правец на движење и извршена е замена на 24 светла во случај на прекин на напојувањето. рт/дма/

Фото: Општина Струмица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан