• понеделник, 23 декември 2024

Поднесено барање за Вонредно собрание на МОК и смена на Димевски

Поднесено барање за Вонредно собрание на МОК и смена на Димевски

Скопје, 11 јануари 2024 (МИА) - Повеќе од половина членови на Собранието на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, се потпишани за официјалното барање за свикување Вонредно Собрание на Олимпискиот Комитет на Северна Македонија.

- Истото е поднесено согласно член 24, ставовите 3 и 4 од Законот за зруженија и фондации, и врз основа на член 29 став 3 од Статутот на Олимпискиот Комитет на Сереверна Македонија. На барањето на свикување на Вонредно Собрание на Олимпискиот Комитет на Северна Македонија потпишани се 26 (дваесет и шест) федерации и 5 (пет) индивидулани членови од Собранието, соопштија иницијаторите.

Барањето за свикување Вонредно Собрание кое пред два дена е примено во архивата на Олимпискиот комитет на Северна Македонија ги содржи следните точки на Дневен ред:
1. Разрешување на Даниел Димевски, актуелен Претседател на Олимпискиот Комитет на Република Северна Македонија
2. Избор на нов Претседател на Олимпискиот Комитет на Република Северна Македонија
3. Разрешување на актуелниот состав на Управниот одбор на Олимпискиот Комитет на Северна Македонија
4. Избор на нов состав на Управен одбор на Олимпискиот Комитет на Северна Македонија
5. Разно.

Помеѓу националните федерации кои се потпишани на барањето за смена на Димевски се и најголемите, Фудбалската федерација на Македонија, Ракометната федерација на Македонија и Кошаркарската федерација на Северна Македонија. зс/

Остани поврзан