• петок, 05 декември 2025

Подметнат пожар на локалитетот Мушов Гроб 

Подметнат пожар на локалитетот Мушов Гроб 

Кавадарци, 29 август 2025 (МИА) - Подметнат е пожар на локалитетот Мушов Гроб, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. 

- Мобилизација на сите надлежни служби на терен, поради подметнат пожар на локалитетот Мушов Гроб. На местото веднаш интервенираат екипите од ТППЕ Кавадарци, кои со координирани активности работат на локализирање и целосно ставање под контрола на пожарот, соопштија од кабинетот на Јанчев. 

Оттаму подвлекоа дека ситуацијата е под постојан надзор се до негово конечно згаснување. свд/вј/

Фото : Фејсбук страница на Јанчев 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан