• петок, 22 ноември 2024

Поддршка од Општина Битола за манифестацијата Бадникова поворка

Поддршка од Општина Битола за манифестацијата Бадникова поворка

Битола, 5 јануари 2024 (МИА) - Општина Битола ја поддржува манифестацијата Бадникова поворка, а градоначалникот Тони Коњановски, утре напладне во неговиот кабинет ќе приреди прием за учесниците.

Големата Бадникова поворка ќе почне утре во 11 часот на платото на Офицерскиот дом, а според програмата, освен Божиќни песни, членови на КУД „Илинден “- Битола ќе изведат сплет од градски приказни.

-Поворката ќе продолжи по Широк Сокак и во храмот „Св. Великомаченик Димитриј“, а потоа и во административната зграда на Општина Битола каде бадникарчињата ќе остварат средба со градоначалникот Тони Коњановски, соопштија организаторите на традиционалната Бадникова поворка во Битола. мт/сст/

Фото: Општина Битола

Остани поврзан