Подготвено е за прегласувањето во Долнени и Крушево, денеска гласаат болните и изнемоштените
- Сѐ е подготвено за утрешното прегласување на Парламентарните избори на четирите избирачки места, по две во општините Долнени и Крушево во петтата изборна единица, информираат од општинските изборни комисии.
Прилеп, 21 мај 2024 (МИА) - Сѐ е подготвено за утрешното прегласување на Парламентарните избори на четирите избирачки места, по две во општините Долнени и Крушево во петтата изборна единица, информираат од општинските изборни комисии.
Во Крушево ќе се прегласува на по едно избирачко место во населените места Јакреново и Бучин: во Јакреново е избирачкото место 1202, а во Бучин 1194. На двете избирачки места вкупно се запишани 767 жители со право на глас.
Денеска своето право на глас ќе го остваруваат 26 болни и изнемоштени лица.
Во Долнени ќе се прегласува на две избирачки места (1470 и 1470/1) каде вкупно се запишани 1290 гласачи. Двете избирачки места се во населеното место Дебреште. Таму денеска можност за гласање имаат вкупно девет болни и изнемоштени лица. ем/дма/
Фото:МИА архива