• сабота, 21 декември 2024

Погба ќе пропушти 1,5 месец по операцијата на менискусот, конзервативниот третман не помогна

Погба ќе пропушти 1,5 месец по операцијата на менискусот, конзервативниот третман не помогна
Торино, 5 септември 2022 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Пол Погба се согласи на операција на повреден менискус, објави на својота веб-страницата новинарот Џанлука Ди Марцио. Новите прегледи покажаа дека конзервативниот третман дал лоши резултати, па играчот од средниот ред сепак ќе оди на операција. Се очекува Погба да може да се врати на тренинзите за шест недели. Официјалните услови за опоравување на играчот ќе бидат објавени подоцна. Дваесет и деветгодишниот Французин се повреди на тимски тренинг во јули. Првично, тој одби операција за да игра на Светското првенство во 2022 година како дел од репрезентацијата. Погба летово на слободен трансфер дојде во Јувентус и потпиша четиригодишен договор со клубот. зс/

Остани поврзан