• среда, 19 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Повторно функционира амбуланта на Попова Шапка

Повторно функционира амбуланта на Попова Шапка

Тетово, 17 јануари 2025 (МИА) - Од вчера почна повторно да работи болничка амбуланта на Попова Шапка, која беше нефункционална од времето на пандемијата со КОВИД-19.  Амбулантата е дел од Клиничката болница Тетово.

-Го презедовме овој чекор со кој ќе им пружиме здравствена помош на посетителите и скијачите во оваа зимска сезона, изјави директорот на болницата Агим Бериша

-По барањето на ски центарот се става во функција оваа услуга која беше нефункционална од времето на пандемијата, рече директорот на ски-центарот Абдулгани Алији.

Амбулантата ќе биде отворена до крајот на скијачката сезона.ас/са/

Фото: ски центар Попова Шапка 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан