• четврток, 18 јули 2024

Повторно запалена депонијата Острец во Делчево

Повторно запалена депонијата Острец во Делчево

Делчево, 26 јули 2023 (МИА) - Градската депонија Острец од утрово повторно гори со засилен интензитет. Причина за запалувањето, како што информираа од делчевското комунално претпријатие, е човечки фактор заради што, најавуваат, ќе биде поднесена кривична пријава.

- При редовна обиколка на теренот наши екипи забележале собирачи на пластика и железо во близина на запалената депонија заради што ќе поднесеме кривична пријава. 
Наши вработени со градежни машини и во моментот се на терен и работат на затрупување на депонијата со земја, информираа од претпријатието.

Нагласија дека ова не е прв пат поради човечки фактор да се случува вакво нешто на депонијата. 

- Остануваме и понатаму со наши екипи да работиме се до целосно гаснење кое е отежнато поради ветарот, додадоа од претпријатието.

Чадот што се шири од депонијата од утрово најмногу е забележлив од жителите на делчевското село Габрово, но, миризбата на запалено констатно е присутна и во самиот град Делчево. вс/цр


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан