• недела, 21 јули 2024

Повредено едно лице во сообраќајка кај воен базен во скопски Аеродром

Повредено едно лице во сообраќајка кај воен базен во скопски Аеродром

Скопје, 20 ноември 2023 (МИА) - Според првичните информации едно лице е повредено во сообраќајка што се случила утрово во скопската населба Аеродром.

Во СВР Скопје денеска била пријавена сообраќајна незгода на ул. „Васко Карангелевски“ помеѓу „рено меган”, со скопски таблички, управувано од Л.Д. (60) и „тојота” со скопски таблички, управувана од Е.Д.Б. (45).

Според првичните информации, со телесни повреди се здобила Е.Д.Б. и укажана и е помош во Клинички центар „Мајка Тереза”.

Сообраќајката предивизка серија реакции на социјалните мрежи.

- Апел до сите возачи, пешаци и родители - избегнувајте ја Васко Карангелески додека не се исправат сите неправилности. Апел до властите - затворете ја улицата додека не настрада некое дете! Град Скопје, oва не е булевер, ова не е ни улица, ова е КЛАНИЦА, напиша  на фејсбук Марјан Лазаревски.

- Со што заслуживме ваков инженерски кикс на 20 метра пред училиште? Втора (евидентирана) сообраќајка во само неколку дена. Ве молам, СПОДЕЛУВАЈТЕ и давајте идеи како да побрзо го средиме овој хорор, прашува тој.

Граѓаните на социјалната мрежа бараат од градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски да седнат заедно и да најдат решение за, како што пишуваат, очигледниот ерор и лош проект.

Пред неполн месец, се случи сообраќајна несреќа, во која автомобил удри во велосипедист, а велосипедистот „летнал“ во пешак со бебе на крстосницата кај „Мајчин дом“. цр/са/

Фото: фејсбук Марјан Лазаревски

Остани поврзан