• понеделник, 23 декември 2024

Повлечена дипломатската патна исправа на претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини

Повлечена дипломатската патна исправа на претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини

Скопје, 22 октомври 2024 (МИА) -  Дипломатската патна исправа на претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини е повлечена од страна на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, потврдуваат за МИА од МНРиНТ.

Од министерството, напоменуваат дека од стапување во функција на новата Влада, до денес повлечени се вкупно 230 дипломатски патни исправи.

-Дел од наведените патни исправи биле дадени врз основа на дискреционо право на претходниот министер, а дел се однесуваат на поранешени функционери на кои им престанале мандатот и правото за поседување дипломатска патна исправа, се вели во одговорот на МНРиНТ. аа/бак/

Фото: МИА архива

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан