• понеделник, 23 декември 2024

Повисоки увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19)

Повисоки увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19)

Скопје, 9 август 2024 (МИА) - Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во јуни годинава се повисоки за 0,4 отсто на месечно ниво и за 6,2  отсто на годишно ниво.

При тоа, според податоците на Државниот завод за статистика, увозната цена на моторниот бензин е за 4,3 отсто пониска отколку во мај годинава, а за 0,3 отсто повисока отколку во јуни минатата година. Дизелот, пак, е поскап за 1,5 на месечно и за 7,1 отсто на годишно ниво, а ТНГ горивото (автоплинот) е поевтино за 6,2 отсто на месечно ниво, додека на годишно ниво е поскапо за 10,6 отсто.

Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба. Тие се повикуваат на движењето на трошоците од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во калкулациите при склучувањето на градежните договори. вј/са/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан