• среда, 01 мај 2024

Повик за учество на традиционалниот велигденски фудбалски турнир во Општина Пустец

Повик за учество на традиционалниот велигденски фудбалски турнир во Општина Пустец

Дебар, 9 април 2024 (МИА) - Општина Пустец и годинава ќе го организира традиционалниот велигденски турнир на кој се очекува учество на екипи од сите села на оваа општина. Пријавувањето, со список на составот на екипите, треба да се направи една седмица пред денот на одржувањето, а од општината велат дека за најдобрите се обезбедени награди.

- Почитувани сограѓани ве известуваме дека на 4 идниот месец, ден пред празникот над празниците, Христовото воскресение Велигден, ќе биде одржан традиционалниот велигденски фудбалски турнир во село Долна Горица. Ги замолуваме заинтересираните да се пријават за учество во секторот за туризам, култура, млади и спорт, стои во објавата јавната на општината.

Во финалето на турнирот од изминатата година, фудбалската екипа од село Туминец беше подобра од екипата на Пустец и го доби преодниот пехар.

Фудбалскиот турнир секогаш се одржува во Долна Горица, едно од деветте села и секогаш ден пред Велигден, кога Македонците, кои живеат и работат во други земји, главно во соседните, доаѓаат во родните села. вт/ар/

Фото: Општина Пустец

Остани поврзан