• петок, 22 ноември 2024

Повик за научници за учество во програмата „Study of the United States Institutes“

Повик за научници за учество во програмата „Study of the United States Institutes“

Скопје, 23 септември 2024 (МИА) - Министерството за образование и наука известува дека Американската амбасада го објави повикот за прием на апликации за програмата „Study of the United States Institutes“.

Програмата е спонзорирана од Бирото за образовни и културни прашања на Стејт департментот на САД, а ќе се реализира преку Амбасадата на САД во Република Северна Македонија.

Во повикот МОН наведува дека  „Study of the United States Institutes“ е интензивна академска програма на ниво на постдипломски студии со интегрирани студиски патувања чија цел е да им овозможи на странските факултети и други научници можност да го продлабочат своето разбирање за американското општество, култура, вредности и институции.  

-Целта на програмата е да се зајакнат наставните програми и да се подобри квалитетот на наставата за САД во академските институции во странство. Оваа програма, наменета за научниот кадар, ќе се одржува на различни колеџи, универзитети и академски институции низ САД во текот на пет до шест недели, почнувајќи од или по јуни 2025 година. За секој институт од програмата предвидени е четиринеделен академски престој и, доколку е возможно, до две недели интегрирана студиска посета во друг регион во САД, пипшува во објавата на МОН. 

Рокот за аплицирање е 15 ноември 2024. Повеќе информации се достапни на линкот: https://mk.usembassy.gov/susi-program-2024-is-now-open-for-applications-2/  хс/са/

Фото: веб-страница mk.usembassy.gov / принтскрин

Остани поврзан