• понеделник, 17 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Повеќе од 10.000 Романци на проевропски митинг во Букурешт

Повеќе од 10.000 Романци на проевропски митинг во Букурешт

Букурешт, 16 март 2025 (МИА) – Над 10.000 лица синоќа се собраа на Плоштадот на победата во Букурешт на проевропски митинг за поддршка на „почитувањето на европските вредности“.

„Секоја желба Романија да се оддалечи од Европската унија би се совпаднала со директно свртување кон Руската Федерација, а тоа би ги поништило децениските напори на милиони Романци за демократија и просперитет, за слобода и еднакви можности“, објави проевропската група „Евроманифест“, која е еден од организаторите на состанокот.

 Затворени беа неколку улици и воведени беа ограничувања во сообраќајот, јави романскиот портал Диги 24.

Демонстрантите формираа срце од сини листови како знамето на ЕУ, кое го осветлија со своите мобилни телефони.

Во заднината се слушаше „Ода на радоста“, химната на ЕУ, а толпата скандира „Европа-Европа“.

Повеќе од 200 луѓе со знамињата на Романија и на Европската унија учествуваа на митингот „Евро манифест“ во романскиот град Јаши, извикувајќи, меѓу другото, „Демократија, а не тиранија“, „Не на екстремизмот“, „Романија е паметна, ние не гласаме за екстремната десница“, „Сакаме да бидеме во Европа, а не во средниот век“, „Путин сака да не подели, Европа не поддржува“.

Протестот траеше повеќе од еден час и заврши без инциденти.

 Во близина на демонстрациите се идентификувани поддржувачите на Калин Ѓорѓеску, кандидатот на екстремната десница на минатогодишните претседателски избори во Романија, соопшти жандармеријата, која исто така апелираше до учесниците на демонстрациите да не одговараат на провокациите на политичките противници.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан