• понеделник, 23 декември 2024

Победникот во Лигата на шампионите ќе собере 20 милиони eвра

Победникот во Лигата на шампионите ќе собере 20 милиони eвра

Лондон, 31 мај 2024 (МИА) - Во сабота на програма е финалето во Лигата на шампионите во кое силите ќе ги спротивстават екипите на Реал Мадрид и Борусија Дортмунд. Шпанскиот гигант ќе се бори за својот 15. трофеј на турнирот, додека „жолто-црните“ ќе се обидат да стигнат до честа за прв пат по 1997 година.

Решавачкиот судир кој ќе даде одговори на прашањето кој ќе биде новиот шампион на Европа ќе се случи во Лондон на митскиот „Вембли“.

Колку ќе земе победникот дома во сабота навечер? Наградниот фонд на УЕФА расте со секоја измината година, со речиси 1,8 милијарди долари кои ќе бидат доделени во Лигата на шампионите оваа сезона. Тука спаѓаат парите што ќе ги добијат сите екипи кои учествуваа во групната фаза од натпреварувањето.

55% од освоениот износ на секоја екипа се формира врз основа на настапот на турнирот.

На победникот му се доделуваат 20 милиони eвра, додека поразениот финалист ќе добие 15,5 милиони евра. Во касата на секој полуфиналист влегле 12,5 милиони евра. дс

Фото: Архива

Остани поврзан