• понеделник, 23 декември 2024

Побарувачката на станови во Албанија зголемена за 42, цените за 20 отсто

Побарувачката на станови во Албанија зголемена за 42, цените за 20 отсто

Тирана, 30 август 2023 (МИА) - Покрај македонските и косовските граѓани кои последните години купуваат станови на албанското крајбрежје, како и во Тирана, годинава зголемен е интересот од страна на граѓани од други земји при што најбројни се Чесите и Полјаците.

Според Ѓин Ѓока, сопственик на агенција за недвижности „од Велипоје, Драч, Валона па се до Саранда, туристите кои годинава доаѓаат во посета, купуваат станови како никогаш досега".

  -Во однос на 2021 година, побарувачката за станови на крајбрежјето е зголемена до 42 отсто. Барањата на странците не се само за станови, туку и за неизградено земјиште или стари куќи. Најбројни се Полјаците и Чесите, но ги има и од други држави па и од Србија, вели Ѓока.

  Според него, зголемениот интерес има силно влијае и на зголемувањето на цената по метар квадратен.

  -Во Драч, Голем и околните места цена на квадратен метар се движи од илјада до 1.200 евра, во Каваје до 1.500 евра, додека     во Саранда, Лунгомаре, во Валона и новото пристаниште Драч цените се движат од 1.650 до 2.800 евра, посочува тој.

  Странците од Полска сакаат станови на јадранското песочно крајбрежје, додека Германците, Канаѓаните, Австралијците и       Американците претпочитаат куќи на јонското крајбрежје.

  Македонските граѓани најчесто купуваат станови во Драч и околината, а оние од Косово во Шенѓин, каде климата е идентична    со онаа во Улцињ. вт/мс/

 

 

Фото: Фејсбук

Остани поврзан