• петок, 28 јуни 2024

Пли го постигна најбрзиот гол за Борусија Минхенгладбах во Бундеслигата во последните пет сезони

Пли го постигна најбрзиот гол за Борусија Минхенгладбах во Бундеслигата во последните пет сезони
Франкфурт, 16 мај 2020 (МИА) - Напаѓачот на Борусија Менхенгладбах, Аласан Пли го отвори резултатот на вечерашниот меч против Ајнтрахт од 26. коло од Бундеслигата. Пли се запиша во листата на стрелците по само 36 секунди, постигнувајќи го вториот најбрз гол за Борусија во Бундеслигата и прв најбрз во последните пет сезони. Само Оскар Венд успеа да реализира побрзо за Борусија М. постигнувајќи го, против Борусија Дортмунд во 29-та секунда во 2015 година. зс/

Остани поврзан