Плакета од Армијата за градоначалникот на Кавадарци
- Плакета од македонската Армија, добил денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, информираа попладнево од неговиот кабинет.
Кавадарци, 25 декември 2025 (МИА) - Плакета од македонската Армија, добил денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, информираа попладнево од неговиот кабинет.
- Во рамките на денешната средба помеѓу градоначалникот Митко Јанчев и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија генерал-мајор Сашко Лафчиски, му беше доделена плакета на Армијата на градоначалникот Митко Јанчев. Плакетата, доделена по повод Денот на Армијата, претставува признание за несебичното залагање и огромниот придонес кој Јанчев континуирано го дава кон Армијата, не само како градоначалник на општина Кавадарци, туку и како општествено одговорна личност, соопштија од кабинетот на градоначалникот. свд/дма/
Фото: Фејсбук страница на Митко Јанчев