• недела, 22 декември 2024

„Пијано трио“ со концерт во Делчево

„Пијано трио“ со концерт во Делчево
Делчево, 22 јуни 2022 (МИА) - Во организација на Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров“ вечерва во Делчево се одржа концерт на „Пијано трио“ насловен „Музичко патување". Она што го карактеризира триото како состав, како што истакна директорот на установата Методи Толевски, е истенчен-моќен звук, интерактивност, прецизност во изведбата и виртуозност на музичарите. - Пијано трио е составено од Татијана Петрушевска - Караскановска прва обоа во оркестарот на Националната опера и балет, Марјан Милошевски, прв фагот во Националната опера и балет и Петар Макариевски пијано, професор-корепетитор на Факултетот за музички уметности, истакна Толевски.

                  На концертот, како што истакна обоистот Татијана Петрушевска - Карасканова, триото се претставило со неколку оперски арии карактеристични за самиот состав. - По принцип сакам да изведеме нешто карактеристично за нас, но, бидејки е лето подготвивме редица од оперски арии аранжирани за ваков состав. Меѓу нив ќе препознаете композиции од Дон Џовани и слични на нив, сѐ во знакот на музичкото патување како што е насловен концертот. Се надевам дека публиката уживаше во концертот, рече Петрушевска Карасканова. Серијата концерти во Источна Македонија, „Пијано трио“ ги продолжува во Виница и Кочани. вс/ар/

Остани поврзан