• вторник, 05 ноември 2024

Пијанечкиот бренд ,,Копачка" ќе добие свој документарец

Пијанечкиот бренд ,,Копачка

Делчево, 3 јули 2023 (МИА) - Многубројни пејачи, играорци и инструменталисти од ЗФГ ,,Копачка" с. Драмче, Делчево викендов настапија на локалитетот Белчанско маало во с. Драмче и месноста Шишаро кај вила „Самовила“, каде се снимаше документарен филм за ,,Копачката". Документарниот филм е по сценарио и режија на познатиот режисер Андреј Волкашин од Делчево, во соработка со ОХО продукција.

-Имавме една извонредна можност на свој пијанечки автентичен начин да ја раскажеме приказната за фолклорното добро орото „Копачката“, кое е национално и светско културно наследство, впишано во УНЕСКО, во Репрезенативната листа за нематеријални културни наследства на човештвото, но и за останатиот пијанечки изворен фолклор и сето тоа преку танцот, песните свадбарски, ороводните песни и раскажувањето за одржливоста на Групата и репертоарот, истакна претседателот на ЗФГ ,,Копачка", Перса Стојановска.  

За членовите на групата како што додаде претседателката искуството е од огромно значење за презентирање на заштитеното оро од УНЕСКО. 

-Во една многу пријатна атмофера и возвишеност членовите ги редеа чекорите на орото и стиховите на песните.  Во очекување на монтирање на конечната верзија на овој за нас многу значаен документарен филм, има се заблагодаруваме на сите за прекрасната соработка пред и во текот на снимањето, додаде Стојановска.

Снимањето на документарниот филм се реализира по повод 75 години од постоењето на Фолклорната група ,,Копачка". вс/сст/


Фото: МИА

Остани поврзан