• сабота, 23 ноември 2024

Пица во време на коронавирусот (видео)

Пица во време на коронавирусот (видео)
Неапол, 14 април 2020 (МИА) - Неапол е полн со пицерии кои во ова време на пандемија, се затворени... Тоа е проблем и за сопствениците и вработените, но и за многубројни Италијанци, на кои им фали нивниот национален специјалитет, па се обидуваат дома сами да си направат пица приближно онолку добра како онаа на која се навикнале. Според официјални податоци, во Италија има 76.457 угостителски објекти кои заработуваат од правење, служење и домашна испорака на светски најпознатата италијанска закуска. На врвот на листата е југозападната област Кампања, на која отпаѓаат 16 отсто од  угостителските објекти. За пица-мајсторите, како и за граѓаните, пандемијата и изолацијата се огромен економски проблем, но и удар врз идентитетот. Така, некои „стручњаци во својата област“ почнаа на интернет да ги прикажуваат своите вештини, рецепти и специјални зафати и состојки. https://www.facebook.com/lampodue/videos/10216140783496930/?t=1 Енрико Порцио, пица-мајстор од Неапол, на Фејсбук има речиси половина милион прегледи дневно на својот видео-водич. Италијанската Влада понуди помош за луѓето кои се загрозени со својата работа поради пандемијата.  си/сд/

Остани поврзан