• недела, 22 декември 2024

Писториус: Услови за членство на Украина во НАТО дури по завршувањето на војната

Писториус: Услови за членство на Украина во НАТО дури по завршувањето на војната

Берлин, 3 јули 2023 (МИА) - Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска изјави дека предусловите за влез на Украина во НАТО може да се дефинираат само по завршувањето на војната.

„Најважно за Украина е да победи. Условите за завршување на агресорската војна, која е во спротивност со меѓународното право, можат да ги одредат само Украинците. Ќе ја поддржуваме Украина се додека е неопходно да се одбрани од бруталниот руски напад“, рече Писториус во интервју за полскиот весник „Речпосполита“.

На прашањето зошто Берлин е повнимателен во однос на членството на Украина од повеќето членки на НАТО, германскиот министер рече дека претставниците на Киев ќе добијат рамноправно место на претстојниот самит во Вилнус. паг/

 

 

Остани поврзан