Пирс Броснан се потсети на една доста „пијана средба“ со Квентин Тарантино (видео)
- Тоа се случило 2004 година, по прес-конференција околу филмот на Тарантино - „Убиј го Бил“. Режисерот го викнал Броснан во својата соба и нарачал неколку мартинија - омилениот пијалак на Џејм
Лос Анџелес, 21 април 2020 (МИА) - Глумецот Пирс Броснан во својата последна интернет-емисија од дома, по прашање од обожавател, се потсети на една мартини-средба со Квентин Тарантино...
Тоа се случило 2004 година, по прес-конференција околу филмот на Тарантино - „Убиј го Бил“. Режисерот го викнал Броснан во својата соба и нарачал неколку мартинија - омилениот пијалак на Џејмс Бонд.
https://youtu.be/_btdGN9uUeY?t=3229
- Целиот беше врз масата, и ми кажуваше „Ти си најдобриот ’Џејмс Бонд‘. Сакам да направам ’Џејмс Бонд‘ филм со тебе...“ Му велев „Квентин, смири се, смири се...“ А, тој - „Немој ти на Квентин - смири се“, раскажува Броснан.
„Ох, само да бев мува на ѕидот од таа соба“, гласи еден од коментарите на следачите и обожавателите по анегдотата.
Сепак, таа филмска соработка не се случила.
- Квентин Тарантино не му беше суден на „Џејмс Бонд“. Штета... Ќе беше тоа добар филм, вели Броснан.
Последниот „Џејмс Бонд“ филм со Пирс Броснан во насловната улога, беше „Умри друг ден“, којшто излезе 2003., една година пред оваа „пијана случка“. си/