• недела, 22 март 2026

Пировано со победа го потврди Малиот кристален глобус во спуст

Пировано со победа го потврди Малиот кристален глобус во спуст

 

Лилехамер, 21 март 2026 (МИА) – Италијанската скијачка Лаура Пировано го освои Малиот кристален глобус во спуст, триумфирајќи денеска во Ллилехамер на во последната трка од оваа дисциплина сезонава.

Пировано имаше водство од 28 бодови пред второпласираната Германка Ема Ајхер пред завршната трка и со триумфот го освои Малиот глобус.

Ајхер заврши петта, заостанувајќи 37 стотинки зад Пировано.

Второто место во Лилехамер го освои Американката Бризи Џонсон, а трета беше Германката Кира Вајдле-Винкелман. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан