• недела, 22 март 2026

Кошаркарите на Оклахома ја откажа посетата на Белата куќа поради „проблеми со распоредот“

Кошаркарите на Оклахома ја откажа посетата на Белата куќа поради „проблеми со распоредот“


Вашингтон, 21 март 2026 (МИА) – Кошаркарите на актуелниот шампион во НБА лигата, Оклахома Сити, нема да ја посетат Белата куќа за време на нивната посета на Вашингтон овој викенд, поради, како што наведе клубот, „проблеми со распоредот“.
„Бевме во контакт со Белата куќа и благодарни сме за комуникацијата што ја имавме, но распоредот едноставно не се совпадна“, соопшти Оклахома.
Традицијата според која актуелните шампиони во најсилните американски професионални спортски лиги доаѓаат да на прием кај претседателот во Белата куќа беше значително нарушена и за време на првиот мандат на актуелниот претседател Доналд Трамп.
Оклахома, која е лидер во Западната конференција, вечерва од 22 часот по средноевропско време му гостува на Вашингтон. ег
ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан