• петок, 30 август 2024

Пирло: Манчини одлично ја води италијанската репрезентација

Пирло: Манчини одлично ја води италијанската репрезентација
Рим, 19 август 2021 (МИА) - Поранешниот тренер на Јувентус, Андреа Пирло зборуваше за работата на Роберто Манчини со италијанската репрезентација и победата на тимот на Европското првенство 2020. - Нема поголема радост од победа со репрезентацијата. За прв пат по долго време, освоивме трофеј на голем турнир. Манчини заврши одлична работа. Тимот имаше свое лице, играше речиси како клуб. Од самиот почеток, сите знаеја што да прават, изјави Пирло за „Атлетик“. На 11 јули оваа година, во Лондон во финалето на Евро 2020, Италија ја совлада Англија на пенали и го освои вредниот трофеј. зс/

Остани поврзан