• петок, 30 август 2024

Пирло: Имам две финалиња во првата година во Јуве, за Гасперини ова е второ финале во неговата кариера

Пирло: Имам две финалиња во првата година во Јуве, за Гасперини ова е второ финале во неговата кариера
Реџо Емилија, 19 мај 2021 (МИА) – Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло ги сподели своите очекувања за финалето на фудбалскиот Куп на Италија против Аталанта. - Не мислам дека играта ќе биде изградена врз одбраната. Сите знаат дека треба да се очекуваат удари кон голот, високо темпо, интензивна игра. Општо земено, ова е натпревар на европско ниво. Подготвени сме, знаеме што да очекуваме. Заслужуваме да играме во финалето и сакаме да го донесеме купот дома. Имав доволно среќа да учествувам во две финалиња во првата сезона како тренер на Јуве. За Гасперини ова е второ финале во неговата кариера. Имаме различни патеки, ние сме различни тренери со различни личности. Тој ја водеше Аталанта до плејофот во Лигата на шампионите, а успехот на неговиот тим го ценеше цела Европа. Јас само што го започнувам своето патување и се надевам дека ќе има уште многу такви финалиња, изјави Пирло. Натпреварот е закажан за вечер со почеток во 21 часот во Реџо Емилија. Во тековната сезона, Јувентус предводен од Пирло го освои Суперкупот на Италија. зс/

Остани поврзан