• петок, 22 ноември 2024

„Пипл“: Ченинг Тејтум и Зои Кравиц ја прекинале свршувачката

„Пипл“: Ченинг Тејтум и Зои Кравиц ја прекинале свршувачката

Лос Анџелес, 30 октомври 2024 (МИА) - Ченинг Тејтум и Зои Кравиц наводно се разделиле, по три години врска и скоро една година откако се свршија. Имено, извори блиски до глумците за списанието „Пипл“ (People) тврдат дека на врската ѝ дошол крајот.

Тејтум и Зои се запознале за време на кастингот за американскиот трилер „Трепни двапати“ (Blink Twice). Следствено, Тејтум доби улога во режисерското деби на Зои, па тие двајца почнале да се забавуваат.

- Ченинг е прекрасен човек. Тој умее да ме насмее и двајцата ја сакаме уметноста - сакаме да истражуваме зошто го правиме тоа што го правиме... Сакаме да гледаме филмови, да зборуваме за нив..., изјави еднаш глумицата за „Џи-кју“ (GQ).

Ченинг Тејтум, пред врската со Зои, беше девет години во брак со глумицата Џена Диван - од 2009. до 2018 година. Џена денес е во врска со актерот Стив Кејзи.

На почетокот на септември, Тејтум ја објави последната заедничка фотографија на Инстаграм.  си/ссм/

Фото: ЕПА

Остани поврзан