• среда, 03 јули 2024

Пиоли: Пред три месеци би биле среќни да бидеме таму каде што сме сега

Пиоли: Пред три месеци би биле среќни да бидеме таму каде што сме сега
Милано, 21 февруари 2021 (МИА) – Тренерот на Милан, Стефано Пиоли изрази поддршка за своите фудбалери кои денес загубија во дербито со Интер со 0:3. Милан по 23. коло на италијанскиот шампионат е втор со 49 бода, четири помалку од лидерот Интер. - Првиот примен гол силно нè погоди. Во првото полувреме ни недостасуваше интензитет, моравме да сториме повеќе. Заслуживме гол во второто полувреме. Ибрахимовиќ? Напаѓачот е зависен од играта на тимот. Ние веруваме во работата што ја завршивме. Треба да бидете објективни. Пред една година, дури и пред три месеци, ќе бевме среќни да бидеме таму каде што сме сега, изјави Пиоли. Тој очекува лошата резултатска серија да остане зад Милан. - Тоа беше предизвикувачка недела, најлошата во сезоната. Ние сакаме да се пласираме во следната фаза од Лигата на Европа и потоа повторно да се фокусираме на Серија А, додаде Пиоли. Милан во Лига Европа го очекува реванш на домашен терен со Црвена звезда, по нерешените 2:2 во Белград. зс/

Остани поврзан