• вторник, 05 ноември 2024

Пилот проект во Општина Новаци за селекција на отпад од пластика

Пилот проект во Општина Новаци за селекција на отпад од пластика

Новаци, 3 октомври 2024 (МИА) - Општина Новаци и локалното ЈКП „Комунална хигиена“ во соработка со Министерството за животна стедина и просторно планирање почнаа пилот проект со кој се врши селекција на отпад од пластика.

Проектот се реализира во 80 домаќинства од Новаци на кои денеска им беа доделени канти за селекција, соопштија од тамошната локална самоуправа.

-Селектираниот отпад кој ќе се одлага во кантите ќе се собира секој втор четврток во месецот, односно во согласност со насоките кои ќе бидат дадени од ЈКП „Комунална хигиена“-Новаци. Пилот проектот ќе овозможи да се подигне свеста на граѓаните за потребата од селекција на пластика и да се намалат негативните влијанија врз животната средина, информираа од секторот за односи со јавност на Општина Новаци. 

Во наредниот период ќе бидат опфатени сите домаќинства во општината за селекција на ПЕТ амбалажата како прва фаза, а потоа и прошириување на опфатот за селекција на други фракции на отпад. мт/дма/

Фото: Општина Новаци

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан