• сабота, 22 јуни 2024

Пике: Јамал ќе ја одбележи новата фудбалска ера

Пике: Јамал ќе ја одбележи новата фудбалска ера

Барселона, 20 јуни 2024 (МИА) - Поранешниот капитен на Барселона, Жерар Пике верува дека шпанскиот играч од средниот ред Ламин Јамал ќе ја одбележи новата ера во фудбалот.

- Има голем број млади играчи со светла иднина. Европското првенство ќе биде пресвртница за нив. Ламин Јамал ќе ја одбележи новата ерата, изјави Пике за „Билд“.

Шеснаесетгодишниот Јамал постигна асистенција на натпреварот против Хрватска (3:0) во првото коло од групниот турнир на Евро 2024 година. 

Воедно, Јамал е најмладиот играч во историјата на европските првенства. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан