• петок, 22 ноември 2024

Пике жали што не играл во Серија А

Пике жали што не играл во Серија А

Рим, 17 август 2023 (МИА) - Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед и Барселона, Жерар Пике призна дека на 21 година можел да заврши во Јувентус. 

 

- Имав 21 година, сè уште бев во Манчестер јунајтед, а Јувентус се интересираше за мене. Но, јас ја избрав Барселона, тоа беше повик на срцето. Штета што никогаш не играв во Серија А, бев импресиониран од оваа идеја, Италијанците се слични на Шпанците, особено во нивната страст за фудбалот, го цитира „ITASportPress“ Пике. 

 

Триесет и шестгодишниот Шпанец кариерата ја заврши на 1 јануари 2023 година во Барселона. Дефанзивецот одигра 616 натпревари за Каталонците, на кои постигна 53 гола и направи 15 асистенции. зс/ 

 

Фото: ЕПА 

Остани поврзан