• недела, 22 декември 2024

Пејачот Р. Кели осуден на 30 години затвор

Пејачот Р. Кели осуден на 30 години затвор
Њујорк, 30 јуни 2022 (МИА) - Американскиот ар-ен-би пејач Р. Кели е осуден на 30 години затвор за сексуално насилство. Пресудата ја донесе окружната судијка Ен Донели пред Федералниот суд во општината Бруклин во Њујорк, САД. Овој 55-годишен музичар лани во септември, по пет и пол седмици судење, беше прогласен за виновен. Добитникот на „Греми“ за хитот „I Believe I Can Fly“ го следат контроверзии од првите години од ова илјадалетие. Тој беше една од најистакнатите познати личности „на тапет“ на движењето против сексуално недолично однесување - „#МеТоо“. Неколку жени кои сведочеа против Кели за време на судењето, претходно вчера уште еднаш потврдија дека музичарот им ветил менторство и помош при натамошната кариера, по што ги подложил на понижувачко сексуално однесување и физичко насилство. Според некои, злоупотребата имала долгорочно влијание и врз нивното психичко здравје.  си/сд/

Остани поврзан