• недела, 22 декември 2024

Пешак загина на патот кај селото Велешта

Пешак загина на патот кај селото Велешта
Струга, 19 март 2021 (МИА) - Пешак загина синоќа во сообраќајна незгода на регионалниот пат Струга – Дебар, кај струшкото село Велешта. СВР Охрид денеска соопшти дека незгодата се случила околу 19 часот кога патнички моторно возило „Фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки управувано од Б.Н.(36) од селото Велешта, удрил во пешакот Т.К.(49) од село Подгорци. На пат кон Општата болница во Струга лицето им подлегнало на повредите. Полициски екипи и јавен обвинител извршиле увид на местото на незгодата. сс/сст/

Остани поврзан