• петок, 05 декември 2025

Пехчево домаќин на третиот проектен состанок на ADRISKY

Пехчево домаќин на третиот проектен состанок на ADRISKY

Пехчево, 30 септември 2025 (МИА) – Општина Пехчево, предводена од градоначалникот Александар Китански, е домаќин на третиот проектен состанок и состанок на Управниот одбор на проектот ADRISKY, што се реализира во рамките на програмата Interreg IPA ADRION.

Целта на настанот е обединување на проектните партнери од повеќе земји од регионот на Југоисточна Европа. 

-На состанокот се разговара за зајакнување на капацитетите за управување со природните ризици во пограничните и руралните средини преку иновативни пристапи, размена на знаења и воспоставување регионални мрежи. Програмата на дводневниот настан опфаќа поздравен говор на градоначалникот Китански, преглед на досегашните резултати, презентации од партнерите, дискусија за комуникација и вклучување на засегнатите страни, како и состанок на Управниот одбор на проектот, информираа од Општината.

Во рамки на настанот е предвидена и организирана теренска посета – пешачка тура низ шумските патеки и водопадите во Пехчево, со цел гостите да се запознаат со природните убавини на регионот и да се истакне потенцијалот на локалната средина во рамките на проектните активности.

Градоначалникот Китански изјави дека да се биде домаќин на ваков меѓународен настан е признание за Општина Пехчево и потврда за посветеноста во меѓународните партнерства. 

-Преку ADRISKY го јакнеме регионалното соработништво и создавање услови за поголема безбедност, одржливост и развој на нашите заедници, рече тој.

Проектот ADRISKY се имплементира во рамките на Interreg IPA ADRION програмата, финансирана од Европската Унија, а Општина Пехчево е активен партнер во неговото спроведување. вс/вј/

Фото: МИА

Остани поврзан