• сабота, 23 ноември 2024

Пет од највеличествените храмови во Азија

Пет од највеличествените храмови во Азија
Џакарта, 17 септември 2021 (МИА) - Како лулка на многу цивилизации и религии, Азија отсекогаш привлекувала патници, авантуристи и, денес - туристи, со својата разновидна култура, величествените архитектури и некогашните средишта на моќ. Следат пет храмови што во Азија што вреди да се посетат.
  1. Боробудур, Индонезија
Изграден во Средна Јава, во 9. век, овој колосален комплекс кусо потоа бил напуштен и неколку векови празен. Повторно бил откриен дури во 19 век.
  1. Ват Ронг Кун, Тајланд
„Белиот храм“ во Муанг Чијанг Рај е нов, приватен дворец, дизајниран од тајландски визуелен уметник. Некои негови делови се сѐ уште недовршени, а се очекува работите да привршат за околу 50 години.
  1. Храмот Ранганатасвами, јужна Индија
Ова здание со светли бои е веројатно најголемиот хиндуистички храм на планетава. Хинду фестивалот што се одржува таму во декември привлекува повеќе од милион посетители секоја година.
  1. Паро Такстанг, Бутан
Единствениот начин на кој може да се стигне до ова свето место на Хималаите е со јавање коњ или пеш. Со право се смета за еден од најголемите архитектонски скапоцености во Азија.
  1. Пагодата Швемадау во Баго, Мјанмар
Оваа структура од 10. век била уништена и обновена повеќепати. Денешната кула е висока 114 метри, и е една од највисоките пагоди во земјата.  си/сд/

Остани поврзан