• недела, 22 декември 2024

Пет нордиски земји склучија билатерални договори за воена соработка со Украина

Пет нордиски земји склучија билатерални договори за воена соработка со Украина

Стокхолм, 31 мај 2024 (МИА) - За време на нордиско-украинскиот самит,што денеска се организираше во Стокхолм, пет нордиски земји потпишаа билатерални договори за воена соработка со Украина, јави Бета.

„Ова испраќа важен сигнал до украинскиот народ дека нашиот ангажман е цврст и постојан. Украинската цел е нашата цел“, напиша шведскиот премиер Улф Кристерсон на социјалната мрежа „Х“ по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Стокхолм.

За време на самитот, Зеленски се сретна со Кристерсон, финскиот претседател Александар Стуб, данската премиерка Мете Фредериксен, норвешкиот премиер Јонас Гар Стоере и исландскиот премиер Бјарни Бенедиксон.

„Нашите главни приоритети се да обезбедиме повеќе системи за противвоздушна одбрана за Украина, заеднички проекти во одбранбената индустрија и оружје за нашите војници, како и глобални напори да ја принудиме Русија да постигне мир“, напиша Зеленски на социјалната мрежа „Х“.

Зеленски и Кристерсон потпишаа билатерален договор за шведска воена помош вредна девет милијарди евра до 2026 година, а со Норвешка е обезбедена воена помош од најмалку 1,3 милијарди долари за оваа година.

Зеленски неделава ги посети и Шпанија, Белгија и Португалија, при што склучи три нови билатерални безбедносни договори. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан