Петрушевски: СДС преку АНБ и АР го следеле ВМРО-ДПМНЕ за да го забрани постоењето на партијата, целта била да останат на власт
- Почитувани, СДС преку АНБ и АР го следеле ВМРО-ДПМНЕ, за да го забрани постоењето на партијата, целта била да останат на власт. СДС целосно ги ставиле службите во нивната партиска агенда, се наведува во соопштението од прес-конференцијата на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА ја пренесува интегрално.
Скопје, 10 септември 2025
Почитувани, СДС преку АНБ и АР го следеле ВМРО-ДПМНЕ, за да го забрани постоењето на партијата, целта била да останат на власт. СДС целосно ги ставиле службите во нивната партиска агенда, се наведува во соопштението од прес-конференцијата на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА ја пренесува интегрално.
Службите го следеле претседателот Мицкоски, со цел негова политичка елиминација и елиминација на ВМРО-ДПМНЕ, а со цел што подолго да остане СДС на власт, за да ги распродава националните интереси и да прави криминал.
Планот на СДС е осуетен од ВМРО-ДПМНЕ и искрената борба за подобра и посилна Македонија, и покрај сите следења и прислушувања, СДС не успеа во својот план за политичка елиминација на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски.
ЈО треба да се одважи и конечно да тргне одлучно во решавање на прислушкувањето. Злоупотребата не смее и нема да остане неказнета. Сите инволвирани ќе одговараат.
Линк од видео материјал:
https://www.youtube.com/watch?v=J3NH_55u3Rk
https://www.swisstransfer.com/d/e326988c-a345-4adf-b05e-2b9529d4a011
Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Фото: ВМРО-ДПМНЕ