• недела, 08 февруари 2026

Петрушевски: Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на соработник на Зоран Заев

Петрушевски: Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на соработник на Зоран Заев

Скопје, 7 февруари 2026

Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДС, соработник на Зоран Заев, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

Фирмата „ЦБД Медплант'' во формална сопственост на Христијан Котев, а реална на неговиот татко Тони Котев викан М'гчев, кој е поранешен претседател на ОО Ново Село на СДС и близок по бизнис со Вице Заев и Гидан Колев, во периодот од 30.06.2025 година па се до 11.2025 година, има испорачано 19 тони марихуана према скопската фабрика по документ испорачана количина. Дополнително, утринава од струмичката фирма биле изнесени 21 тон дрога!

Да го погледнеме видеото од денешното запленување на илегална материја дрога.

Имено, станува збор за фирма која добива одобрение од владата на Зоран Заев и Венко Филипче, за одгледување марихуана за медицински цели во 2020 година. 

Патем, уште во 2020 година, укажувавме дека лиценците за одгледување на марихуана за медицински цели, се добиваат исклучиво по блискоста со СДС, односно во тоа време со  Зоран Заев, Вице Заев и Венко Филипче. Тогаш, владата на Заев и Филипче додели лиценци на 2 фирми, „Еко Енерџи-Космос” од Ново Село и „Лајтинг Лукс” од Струмица, во сопственост на синот на Боро Малборо и Христијан Котев погоре споменатиот.  

По овие сомнежи и индиции за поврзаност на СДС, Заев и Филипче, бараме ЈО да го истражи случајот, и бараме одговори за случајот со запленетата дрога, дали има вмешаност од страна на Заеви? Зошто Заев лично се јавувал на телефони во Царинската управа и се интересирал за овој случај? Каква е улогата на Вице Заев во овој случај? Колкава сума од овој случај сакал да заработи Зоран Заев?

Почитувани, 

Струмичкиот нарко картел се однесувал како во времето на Пабло Ескобар во Колумбија. Но и на тој нарко картел му дошол крајот, така ќе му дојде крајот и на овој таканаречен нарко картел во струмичко. 

Вистината излегува на виделина!

Петрушевски: Обвинувањата на СДС за новиот состав на Извршниот комитет се класичен пример на панична пропаганда

Прашање: Ваш став за обвинувањата од СДС дека Мицкоски си ги поставил најблиските во ИК за апсолутно да владее со паријата? 
Одговор: Обвинувањата на СДС се класичен пример на панична пропаганда без факти и без аргументи.
Факт е дека Драган Ковачки поседува валиден НАТО сертификат, што целосно ги демантира лагите дека бил „одбиен од НАТО“ или дека не исполнувал безбедносни услови. Сѐ друго е злонамерна конструкција за дневнополитички потреби.

ВМРО-ДПМНЕ спроведува внатрепартиски реформи согласно Статутот и со јасна цел, ефикасна, одговорна и европски ориентирана партија.

Обвинувањата за наводна контрола врз институции и медиуми се неосновани и доаѓаат од структури кои со години ја злоупотребуваа државата и сега се плашат од одговорност.

ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто посветена на политиките што значат Македонија интегрирана во ЕУ, стабилен НАТО партнер и заштита на државните и националните интереси.

Лагите нема да ја покријат вистината.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ 

Остани поврзан