Орбан: Одбиваме да испратиме војници и пари во Украина
- Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека се спротивставува на испраќањето финансиска и воена поддршка на Украина, предупредувајќи дека ваквите потези би можеле да доведат до директен конфликт со Русија.
Будимпешта, 7 февруари 2026 (МИА) - Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека се спротивставува на испраќањето финансиска и воена поддршка на Украина, предупредувајќи дека ваквите потези би можеле да доведат до директен конфликт со Русија.
„Денес станува збор за испраќање унгарски пари во Украина, а утре би можеле да бидат млади Унгарци испратени да се борат“, рече Орбан на „Х“.
Тој нагласи дека Унгарија „вели не“ и одбива да учествува во тоа. мс/
фото: ЕПА