Петрушевски: Главниот обвинител Коцевски избра да биде штитот на СДСМ, а тие го бранат по секоја цена за да не одговараат
- Главниот обвинител Коцевски избра да биде штитот на СДС, а тие го бранат по секоја цена за да не одговараат за бројните криминали, на кои бевме сведоци изминатите 7 години. Иако Коцевски нема легитимитет, со под 2% доверба кај граѓаните, со интерпелација во Собранието и барање од народот преку пратениците тој да си оди, тој тоа не го прави, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски на прес-конференција, што МИА ја пренесува во интегрална форма.
Скопје, 4 август 2025 (МИА) - Главниот обвинител Коцевски избра да биде штитот на СДС, а тие го бранат по секоја цена за да не одговараат за бројните криминали, на кои бевме сведоци изминатите 7 години. Иако Коцевски нема легитимитет, со под 2% доверба кај граѓаните, со интерпелација во Собранието и барање од народот преку пратениците тој да си оди, тој тоа не го прави, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски на прес-конференција, што МИА ја пренесува во интегрална форма.
Главниот обвинител Љупчо Коцевски нема ниту грам доблест, за сам да си даде оставка од позицијата. Тој избра да биде штит на СДС и со сите сили да се држи за таа сламка за спас.
Столбот на криминалот на СДС е во обвинителството, таму е последниот бастион кој ги спасува од одговорност десетици поранешни државни функционери, кои ја ограбуваа државата со години.
СДС се свесни дека ако Коцевски си замине, никој друг нема да премолчува и да ги држи во фиока предметите за нив. Токму затоа ризикуваа и јавно да се разголат и да застанат зад него, а со тоа застанаа во јавна одбрана на своите криминали.
СДС се разголени, и јасно се гледа дека ништо друго не им е важно, освен да се спасат од кривична одговорност.
Од друга страна главниот обвинител Коцевски е целосно делигитимиран, и нема ниту грам интегритет за функцијата.
Линк од видео материјал:
https://youtu.be/VItxJL2sbs4
https://www.swisstransfer.com/d/83c3a10c-e459-4713-b52f-0582ab4901ad
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ