• вторник, 17 декември 2024

Петров: Демир Капија ќе ги подобрува условите на лицата со попреченост со над сто илјади евра 

Петров: Демир Капија ќе ги подобрува условите на лицата со попреченост со над сто илјади евра 

Демир Капија, 6 декември 2024 (МИА) - Со над 100 илјади евра,  Демир Капија ќе ги подобрува условите на лицата со попреченост, информираше вечерва демиркапискиот градоначалник Лазар Петров, преку објава на Фејсбук. Тој нагласи дека Општината континуирано дава поддршка на овие лица. 

-Општина Демир Капија, преку проектот поддржан од BMZ, ќе обезбеди 103.400 евра за подобрување на животните услови на лицата со попреченост. Има неколку клучни активности. Поддршка за два локални инклузивни проекти, секој во износ од 35.000 евра, при што ќе се работи на подобрување на пристапноста и развој на социјалните услуги. Обуки и програми за работна интеграција,  професионална обука за 20 лица. Кариерен и психосоцијален совет,  работилници и сесии за поддршка на лицата со попреченост, појасни градоначалникот. 

Тој нагласи дека Општина Демир Капија обезбедува кофинансирање од 37.000 евра, со, како што истакна,  силна посветеност за успешна реализација на проектните активности.

Петров подвлече дека овој проект претставува значаен чекор кон подобрување на инклузијата и квалитетот на живот за лицата со попреченост во општината, за заедничко градење на едно општество за сите. сд/вј/

Фото : Фејсбук на градоначалникот Лазар Петров 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан