• понеделник, 23 декември 2024

Петровска: За случајот „Теретана“ истрагата е сè уште отворена

Петровска: За случајот „Теретана“ истрагата е сè уште отворена
Скопје, 20 мај 2020 (МИА) - Дополнителната заменик министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска во врска со снимката на која претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се гледа во теретана за време на полициски час, посочи дека за овој случај истрагата е сè уште отворена. - Нема да го коментирам делот со отсјајот бидејќи предизвика сериозна критика во јавноста затоа што со тоа се фрли една сенка на професионалното работење. Министерот Чулев се обиде да го одбрани и моментално се вештачат харддисковите од теретаната. Целта на тоа вештачење е да се провери веродостојноста на снимката и дали нешто е бришено од хард-дисковите и затоа истрагата не е завршена. Нема потреба Мицкоски да врши притисок кај дополнителниот помошник министер во Одделот на внатрешната контрола за која имам службена белешка. Мицкоски бараше овој случај побрзо да се реши. Точно е дека во извештајот на Внатрешна контрола стои дека снимката не потекнува од еден мал период од – до во месецот април. Ама сите сме сведоци дека вирусот трае март, цел април и сега. Не можете да ја затворите истрагата ако потврдите дека снимката не е од еден мал период, ако не покажете од кога точно потекнува. Токму затоа е истрагата за хард дисковите и дали нешто е бришено, рече Петровска во денешното гостување во отвореното студио на ТВ 24. Таа посочи дека внатрешната контрола за упадот во магацинот каде се делела хуманитарната помош во Струмица е завршен, констатирани се пропусти. - Отпочната е истрага и дадена наредба за проверка. Извештајот е класифициран како строго доверлив кој наредил упад во магацинот. За влегување во туѓ имот, во тој момент, полициските службеници немало налог, додека затекнатите во магацинот имале дозволи за движење, рече Петровска. Во однос на изјавата на Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ дека се прислушкувани, Петровска вели дека за тоа може и да пријават, а до овој момент пријава нема. - Ако немаат каде да пријават, ќе ги упатиме во соодветните единици каде тие, овие тврдења ќе ги докажат или отфрлат. Незаконско следење во овој момент од страна на власта нема, вели Петровска. мс/дма/

Остани поврзан