• четврток, 21 ноември 2024

Петрова: Намалена наплата на буџетски приходи во првиот квартал од годинава

Петрова: Намалена наплата на буџетски приходи во првиот квартал од годинава

Скопје, 8 април 2024 

- НАПЛАТА НА БУЏЕТСКИТЕ ПРИХОДИ ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ ОД 2024 година
  Реализација заклучно со 03/04/2024 год.:
• буџетски приходи = 1.197,6 милиони евра
• буџетски расходи = 1.554,8 милиони евра
• буџетскиот дефицит = 357,2 милиони евра.

За го "разглобиме" рекордниот буџетскиот дефицит, ќе почнеме од остварената наплата на буџетските приходи во првиот квартал од 2024 год. 

Кај даноците на потрошувачката - ДДВ, кој е "најиздашниот" буџетски извор, како и акцизите, состојбите изгледаат вака:
- НЕ Е ОСТВАРЕН месечниот план за наплата на ДДВ во ниту еден месец од кварталот
- ЗА 15% ЗАОСТАНУВА кумулативното остварување на планот за ДДВ за кварталот
- ПОМАЛ ПРИХОД од ДДВ во однос на 2023 год. има во јануари и март 2024 год.
- ПАД секој месец во однос на претходниот има кај приходот од ДДВ за прометот во земјата
- ПОМАЛ ПРИХОД во март 2024 год. во однос на март 2023 год. има и за ДДВ што се плаќа при увоз и за акцизите.

Дали МФ, УЈП и Царината направија анализа на што се должи ова потфрлање кај ДДВ и акцизите во кварталот кога цените се "одмрзнаа", а и искуствено зголемена потрошувачка е карактеристика на секој предизборен период?

Кај данокот на личен доход и придонесите состојбите изгледаат вака:
- ЗА 7% ЗАОСТАНУВА остварувањето на месечниот план за наплата на данокот на личен доход во март 2024 год.
- ПОМАЛ ПРИХОД во март 2024 год. во однос на март 2023 год. има за данокот на другите видови примања (авторски договори, игри на среќа и др.)
- ЗА 14% ЗАОСТАНУВА остварувањето на месечниот план за наплата на придонесот за пензиско осигурување за март.

Дали МФ и УЈП направија анализа на што се должи ова потфрлање кај данокот на личен доход и придонесот за ПИО во март, после зголемувањето на минималната плата која природно треба да ги зголеми овие приходи?

Дали можеби УЈП ги стави во "мораториум" мерките за наплата на даноци во овој предизборен период?
Ќе продолжиме со осврт на повратот на ДДВ кој исто така е компонента на ДДВ приходот. 

Линк од ФБ објава на дополнителен заменик министер во Министерството за финансии Елена Петрова

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото Елена Петрова

 

 

 

Остани поврзан