• понеделник, 23 декември 2024

Петнаесет млади поети ќе читаат на третата „Отскочна даска“

Петнаесет млади поети ќе читаат на третата „Отскочна даска“

Скопје, 29 мај 2024 (МИА) - Петнаесет млади поети на возраст од 16 до 25 години денеска ќе читаат на „Отскочна даска #3“, преднастан на четвртиот „Скопскиот поетски фестивал“ што ќе се одржи до 1 јуни.

Како што информираат од „Скопскиот поетски фестивал“, на конкурсот пристигнале 41 пријава, а интерната жири-комисија составена од членови на управниот одбор и на организацискиот одбор на фестивалот, ги избрале следните 15-мина за да читаат песни на „Отскочна даска #3“: Андреј Анѓеловиќ, Надица Банишка, Сања Василева, Душко Двојаковски, Вероника Димоска, Сара Ѓорѓијоска, Селин Есад, Моника Ивановска, Анамарија Јанкова, Јане Моневски, Милена Неделковска, Мила Поповска, Дарио Постоловски, Стефан Спасовски и Карла Шкрлец (Хрватска).

-Упатуваме голема благодарност до сите што ни ги пратија своите песни за прочит и би сакале да ги охрабриме да продолжат да пишуваат! Праќаме и покана до сите нив да дојдат на настаните во рамките на фестивалот, што со многу љубов и внимание ги подготвивме за публиката, велат организаторите.

„Скопскиот поетски фестивал“ е поддржан од Министерство за култура, а негови помагатели се Младинскиот Културен Центар ‒ Скопје, градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒ Скопје, кафе-книжарницата „Буквa“, Хрватското друштво на писатели (HDP), ПНВ Публикации и Хотел Цара 1928. Медиумски покровител е МИА, а медиумски партнери се Радио МОФ, Кајгана, Умно и Култура Бета.фф/

Фото: Скопски поетски фестивал

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан