• понеделник, 23 декември 2024

Петнаесетта сесија на Работната група 4 (Поглавје 24) -„Правда, слободa и безбедност“ на Национална конвенција за ЕУ

Петнаесетта сесија на Работната група 4 (Поглавје 24) -„Правда, слободa и безбедност“ на Национална конвенција за ЕУ

Скопје, 30 октомври 2024 (МИА) - Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК) денеска во Скопје ќе ја одржи 15-та сесија на Работната група 4 (Поглавје 24) -„Правда, слободa и безбедност“.

Темата на сесијата ќе биде „Предизвиците во борбата со финансискиот криминал во Република Северна Македонија: Важноста на ефикасните финансиски истраги“.

На панел-дискусијата ќе се претстават различни експертски видувања за начинот на којшто институциите се справуваат и би требало да се справуваат со различните облици на финансиски криминал, како и за мултидисциплинарните пристапи во финансиските истраги коишто се клучни за успешна борба против организираниот криминал.

-Северна Македонија се наоѓа на долниот дел од спектарот во регионот според одземените криминални приноси, што укажува на потребата за подобрување на капацитетите за спроведување финансиски истраги. Низ дијалогот во текот на панел-дискусијата се очекува да се понудат решенија за поефикасна борба против организираниот криминал и зајакнување на ефикасноста на институциите во справување со различните облици на организиран криминал, а во контекст на примена на европските стандарди во областа на финансиските истраги, велат организаторите. 

Проектот Национална конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија е платформа за вклучување на граѓанскиот сектор во дебати за теми поврзани со процесот на европската интеграција, со цел да се подготват сите капацитети на државата за претстојниот процес на преговори со ЕУ. Проектот се реализира од страна на Европското движење во Република Северна Македонија, а е финансиран од Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија и SlovakAid. сст/са/

фото МИА архива

Остани поврзан