• вторник, 05 ноември 2024

Петков: МВР ќе ја проверува веродостојноста на сертификатите за вакцинација

Петков: МВР ќе ја проверува веродостојноста на сертификатите за вакцинација
Софија, 2 јануари 2022 (МИА) - Бугарското Министерство за внатрешни работи ќе ги проверува сите починати од Ковид-19 кои имале сертификат за вакцинација каде се имунизирани, изјави премиерот на државата, Кирил Петков. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков истакна дека конкретно му наложил на министерот за внатрешни работи Бојко Рашков да ги провери сите вакви случаи. На овој начин Петков изрази надеж дека оние кои издаваат лажни потврди за вакцинација ќе бидат фатени побрзо. Бугарскиот премиер најави дека досега не се разговарало дали ќе бидат воведени нови мерки во борбата против новиот сој омикрон. Петков коментира дека веќе се преземени три мерки против Ковид-19, а првата е исплата од 75 лева (37 евра) за пензионерите кои се вакцинираат, со надеж дека овој поттик ќе ги натера луѓето во Бугарија да се имунизираат. Втората мерка е информативната кампања, која веќе започна во декември. И третата мерка е информираност на матичните лекари за тоа кои ранливи групи со истовремени заболувања можат да се вакцинираат. нк/

Остани поврзан