Песочнo земјиште во Дубаи продадено за 32 милиони евра
- Малото копно среде море има облик на морско коњче, а тука се наоѓа и луксузниот хотел на италијанскиот бренд „Булгари“. На островот има и пристаништа за јахтите на најбогатите.
Дубаи, 29 мај 2023 (МИА) - На островот Џумеира кај Дубаи, парче песочна земја од 24.500 квадратни метри е продадено за скоро 32 милиони евра. Ова е една од 128 парцели што беа понудени како недвижен имот на овој вештачки остров.
Малото копно среде море има облик на морско коњче, а тука се наоѓа и луксузниот хотел на италијанскиот бренд „Булгари“. На островот има и пристаништа за јахтите на најбогатите. Досегашниот сопственик на продаденото земјиште е британски претприемач. Во 2022 година, неколку парцели беа продадени на луѓе кои сакаат да градат приватни вили на островот.
- Островот Џумеира стана локација број еден на пазарот на недвижности и е достапен само за најбогатите луѓе. На островот и неговите плажи, сопственикот може да го изгради својот дом од соништата, изјави агентот за недвижности, Андреј Кумингс.
Островот е популарна дестинација во овој дел од светот, каде што цените на недвижностите тројно се зголемија по вредност последниве неколку години. си/