• сабота, 21 декември 2024

Перформативната шетачка тура „Не зјапајте толку романтично“ во Скопје

Перформативната шетачка тура „Не зјапајте толку романтично“ во Скопје

Скопје, 7 декември 2024 (МИА) - Перформативната шетачка тура „Не зјапајте толку романтично“, како дел од проектот „Градот е јавност дел #1“ ќе се одржи денеска во Скопје. Турата ќе трае од 12 до 18 часот и ќе започне од студентскиот дом „Гоце Делчев“. Овој театарски перформанс во четири чина е предводен од уметникот и архитект Филип Јовановски.

Перформативната шетачка тура почнува од студентскиот дом „Гоце Делчев“ во 12 часот („Зграда без врати“), вториот дел од турата почнува во 13:30 часот со јавен перформативен ручек со „Флоутинг Јуниверзити“ во Железничката зграда и во Архитектонскиот факултет („Пловечко кино / Слободно кино“), третиот чин почнува во 15 часот и е наречен „Отфрлање на модернизмот“. Со четвртиот чин наречен „Во бучните води, ги слушам гласовите на мртвите пријатели“ турата завршува во Албанскиот народен театар во Скопје.

Куратор на овој перформас е Владимир Јанчевски, кураторската поддршка е на Софија Григоријаду, актерка/изведувачка е Мартина Даниловска.

Перформативната шетачка тура е дел до тридневниот настан „Градот е сцена: Пловечки универзитет“, кој се одржува од 5 до 7 декември.

Првиот ден од настанот „Градот е сцена: Пловечки универзитет“ започна со јавно предавање на Кристин Лаз и Дејвид Нил Морси од „Флоутинг Јуниверзити“ во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет во Скопје. Денеска ќе се одржи целодневна работилница со студенти на тема „Иднината на киното во Железничката зграда“, предводена од истите предавачи.

Проектот е дел од програмите на „Факултет за работи што не се учат“ и е поддржан од повеќе институции и организации, вклучувајќи го ГЕТЕ Институт Скопје и Министерството за култура на Република Северна Македонија. ар/нд/

Фото: ФРУ

Остани поврзан