Перишиќ го напушти Хајдук поради конфликт со Гатузо
- Фудбалерот од средниот ред Иван Перишиќ го раскина договорот со Хајдук поради конфликт со тренерот Џенаро Гатузо, пренесува Мундо Депортиво.
Сплит, 14 август 2024 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред Иван Перишиќ го раскина договорот со Хајдук поради конфликт со тренерот Џенаро Гатузо, пренесува Мундо Депортиво.
Фудбалерот бил суспендиран од тренинзите со тимот на неопределено време.
Претходно беше објавено дека тренерот на Барселона, Ханс Флик го поканил играчот да се приклучи на тимот како слободен агент.
Хрватот претходно играше за Интер, Баерн, Тотенхем и други клубови.
Сезонава одигра четири натпревари за Хајдук. зс/
Фото: ЕПА